Свет 06. мај 2020. / 16:41

Германија укинува најголем дел од рестриктивните мерки

Германија укинува најголем дел од рестриктивните мерки

Германската Влада и претставниците на сојузните покраини начелно се договорија за укинување на мерките за борба против пандемијата на корона вирусот, со можност повторно да бидат воведени во случај на пораст на бројот на новозаразени лица.

Според нацрт-предлогот за вториот голем бран за укинување на рестриктивните мерки, опфатени ќе бидат образовниот сектор, малопродажбата и спортот.

Сепак, задолжителната физичка дистанца од 1,5 метри и забраната за големи манифестации остануваат на сила до крајот на август.

Договорот предвидува германските покраини самостојно да одлучуваат за отоворање на рестораните, хотелите, баровите, дискотеките, саемите, базените и фитнес клубовите.

Мерките ќе бидат укинати се додека во еден округ бројот на новозаразени во текот на една недела не ја надмина бројката од 50 луѓе на 100.000 жители. Во случај на поголем број на заразении со Ковид-19 од таа граница тогаш повторно ќе бидат воведени рестриктивните мерки, што беа во сила до 20 април.