Свет 27. декември 2019. / 14:43

Германија со рекорден извоз на оружје, најмногу завршило во Унгарија

Германија со рекорден извоз на оружје, најмногу завршило во Унгарија

До 15 декември германската влада одобрила извоз на оружје во вредност од 7,95 милијарди евра, што е најголема бројка од 2015 година, информираат од Министерството за економски прашања.

Рекордот следи по тригодишен пад, а во однос на 2018 година, одобрениот извоз е зголемен за 65 проценти.

Најголем дел од оружјето од Германија завршило во Унгарија, каде што Германците извезле оружје во вредност од 1,7 милијарди евра, по што следуваат Египет со 802 милиони и САД со 483 милиони евра.

Одобренијата нагло се зголемиле по почетокот на 2019 година.

До средината на годинава, дозволите за извоз веќе ги надминале лиценците од претходната година за 5,3 милијарди евра.

Министерот за економски прашања Питер Алтмајер изјави дека тоа се должи на долгиот процес на формирање нова влада по изборите во 2017 година, поради што многу предмети биле запоставени.