Свет 25. август 2020. / 19:07

Германија со буџетски дефицит од 3,2 отсто во првото полугодие

Германија со буџетски дефицит од 3,2 отсто во првото полугодие

Германската економија падна за 9,7 проценти во вториот квартал, како резултат на падот на приватната потрошувачка, инвестициите и извозот поради пандемијата Ковид-19, соопшти денеска Заводот за статистика „Дестатис“, ревидирајќи ја првичната проценка.

„Дестатис“ претходно во својата проценка на БДП објави дека германската економија паднала за 10,1 процент во периодот април-јуни.

Германија има буџетски дефицит за првата половина од годината од 51,6 милијарди евра, што е еднакво на 3,2 отсто од вкупното производство. Ова се должи на јакнењето на нејзината економија по првите удари на пандемијата на коронавирус, покажуваат официјалните податоци.