Свет 27. април 2020. / 21:15

Германија со 300 милиони евра ќе им помага на регионите погодени од пандемијата

Германија со 300 милиони евра ќе им помага на регионите погодени од пандемијата

Германија одвои 300 милиони евра за хуманитарна помош ширум светот за борба против коронавирусот, соопшти германското Министерство за надворешни работи.

Тоа е одговор на повикот за помош од ОН, Меѓународниот Црвен крст и Црвената полумесечина. Министерот за надворешни работи Хајко Мас изјави денеска дека луѓето во воените зони, бегалските кампови и земјите со преоптоварени здравствени системи се особено изложени на ризик за време на пандемија.

Средствата ќе бидат наменети за разни организации, вклучително и Светската здравствена организација, Меѓународната организација за миграција, Црвениот крст и Црвената полумесечина, Светската програма за храна и Високиот комесаријат на ОН за бегалци.