Свет 31. јануари 2020. / 22:07

Германија смета дека Брегзит претставува делење на Европа

Германија смета дека Брегзит претставува делење на Европа

Портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт, изјави дека за неговата земја официјализирањето на Брегзит претставува разделување за Европа.

Зајберг го изрази жалењето на Германија поради Брегзит.

– Се надеваме дека Велика Британија и во иднина ќе остане наш близок партнер и пријател. ЕУ гарантира силен глас во еден свет кој постојано се менува, а ние сме одлучни да ја продолжиме успешната историја на Европа заедно со останатите 26 земји членки нагласи Зајберт.

Велика Британија на полноќ ќе стане првата држава која ја напуштила Европската унија, ставајќи крај на своето 47-годишно членство.