Свет 18. јуни 2018. / 20:01

Германија шпионирала пријателска соседна држава

Германија шпионирала пријателска соседна држава

Германската разузнавачка служба БНД најверојатно ја шпионирала Австрија до 2016 година, а не 2006 година, како што првично се верува.

Австриската влада во 2013 година, кога беше откриено дека БНД шпионира во земјата, беше соочена со овој скандал, а тогаш и министерот за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер поднесе кривична пријава против непознати лица, но истрагата не даде никакви резултати, а подоцна е и прекината.

Откако сега е објавен список на 2.000 шпиониран меѓународни организации, амбасади, медиуми, како и австриски компании, како и министерствата, австрискиот канцелар Себастијан Курц од Ангела Меркел побара целосно расветлување на аферата.

Австрискиот претседател, Александар Ван де Белен и Курц изјавија дека не можат да прифатат шпионажа од пријателска земја.