Свет 23. декември 2019. / 20:07

Германија: Се онесвестил возач на трамвај за време на возење, патниците успеале да го запрат трамвајот

Германија: Се онесвестил возач на трамвај за време на возење, патниците успеале да го запрат трамвајот

Во недела во трамвај кој се движел низ градот Бон дошло до паника затоа што возилото не застанувало на станиците.

Двајца патници влегле во кабината на возачот кој не реагирал на било каков обид за комуникација.

Една патничка се јавила во превозничката компанија за да ги дознае упатствата за запирање на трамвајот, по што патниците успеале да го запрат.

Пред да влезат во возачката кабина, преплашените патници се јавиле во полиција затоа што рачката за кочница во вонредни ситуации не функционирала.