Свет 07. април 2020. / 22:05

Германија регистрираше 283 нови смртни случаи на Ковид-19

Германија регистрираше 283 нови смртни случаи на Ковид-19

Здравствените власти на Германија во вторникот известија за дополнителни 283 лица кои починале од Ковид-19 во изминатите 24 часа, речиси трипати повеќе од вчера, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 1.943. Стапката на смртност се зголеми за 1,8%.

Во меѓувреме, денеска потврдени се нови 4.390 лица кои се заразиле со вирусот, со што вкупниот број се зголемил за 4,3% на 105.604 случаи.

Се додава дека денеска оздравеле 2.220 лица, со што бројот на излечиви лица во Германија изнесува 38.227.