Свет 04. декември 2019. / 13:35

Германија протера двајца од руската амбасада во Берлин во врска со убиството на Грузиец во Берлин

Германија протера двајца од руската амбасада во Берлин во врска со убиството на Грузиец во Берлин

Министерството за надворешни работи на Гермaнија прогласи за персона-нон-грата двајца вработени во руската Амбасада во Берлин, поради случај на убиство на еден Грузиец, извршено во Берлин.

Претходно, западни медиуми јавија дека владата на канцеларката на Германија Ангела Меркел може да воведе дипломатски или други санкции против Москва ако има докази за тоа дека руските власти се вмешани во убиството на грузиски жител во Берлин ова лето.

Кон крајот на август непознат човек уби 40-годишен грузиски командос.

Неколку денови по убиството, полицијата приведе 49-годишен Русин. Од Обвинителството неведоа дека кај него било пронајдено оружјето употребено во убиството. Дел од германксите медиуми јавија дека е можно осомничениот да е агент на руските специјални служби.