Свет 15. мај 2020. / 18:52

Германија официјално потона во рецесија

Германија официјално потона во рецесија

Германија е во рецесија, а нејзината економија се намали за 2,2 проценти во првиот квартал на 2020 година.

Ова е потврдено по објавувањето на официјалните податоци од најсилната економија на Европа. Германија има пад на БДП во два последователни квартали, што технички значи дека паднала во рецесија.

Падот од квартал на квартал е најголем од финансиската криза во 2009 година, објави федералната канцеларија за статистика „Дестатис“.

Земјата забележа и пад на вработеноста, прв од 2013 година.

Светската економија годинава ќе се намали за 3,2 проценти, поради пандемијата на корона вирусот. Ова е најголем пад од Големата депресија во 1930-тите. Со ваква прогноза излегоа Обединетите нации.

Moжен е пораст на невработеноста од 30 проценти во Германија, како резултат на пандемијата од корона вирус и економските последици кои следат. дојдоа до заклучок германските агенции за вработување.