Свет 05. јули 2018. / 09:26

Германија: Почна депортацијата на нелегалните имигранти

Германија: Почна депортацијата на нелегалните имигранти

Германската Сојузна Влада излезе со соопштение дека е депотирана првата група на луѓе од Афганистан, на кои барањето за азил им е одбиено. Се работи за 69 лица кои од Минхен се префрлени во Кабул, Афганистан.

Баварскиот министер завнатрешни работи, Јоаким Херман, изрази благодарност од Сојузната Влада, како поради депортацијата, така и поради дозволата Сојузната Држава Баварија самата да донесува одлуки за доделување или одбивање азил, односно депортирање на имигрантите.

Досега беа депортирани единствено имигранти кои извршиле кривични дела.