Свет 21. јануари 2021. / 12:37

Германија планира да ги затвори границите

Германија планира да ги затвори границите

Германија најверојатно ќе ги затвори своите граници со соседните земји ако тие не реагира брзо на спречување на ширењето на Ковид-19, изјави денеска шеф на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, Хелге Браун.

Тој за АРД истакна дека е важно да се држи под контрола нивото на инфекција за да можат државите да бидат заштитени од новите мутации на Ковид-19, што полесно се шират.

Опасноста е дека кога инфекциите се зголемуваат во една земја, и таа мутација станува квази-мнозинство и тогаш заразата повеќе не може да се контролира. Затоа неизбежно ќе биде и воведување на построги правила за преминување на нашите внатрешни граници, важно е сега да дејствуваме заедно, посочи Браун.

Претходно оваа недела, Германија ги продолжи рестриктивните мерки до средината на февруари.