Свет 08. јануари 2021. / 20:14

Германија обезбеди 50 милиони вакцини и покрај договорот земјите од ЕУ

Германија обезбеди 50 милиони вакцини и покрај договорот земјите од ЕУ

Германската Влада во текот на летото потпишала два прелиминарни договора со германските компании за биотехнологија „БиоНТе” и „Кјурвак” за обезбедување 50 милиони дози од нивните вакцини против Ковид-19. Тоа го јавија британски медиуми, повикувајќи се на документ од Министерството за здравство и претставник на истиот оддел.

Трансакциите, што не беа објавени кога беа склучени, се потенцијален извор на контроверзии, бидејќи владите на ЕУ се согласија да не склучуваат билатерални договори за снабдување со вакцини.

Според портпаролот на Министерството, кој побарал анонимност, Германија на 31 август потпишала меморандум со „Кјурвак” за испорака на 20 милиони дози на вакцината што ја развива.

На 8 септември беше потпишан прелиминарен договор со „БиоНТек” за 30 милиони дози вакцина што ја разви со американскиот фармацевтски гигант „Фајзер”, навел изворот, потврдувајќи ги неодамнешните јавни изјави на германски претставници откако Владата беше обвинета дека не обезбедила доволно вакцини.