Мигрант осомничен за извршување стотици кривични дела е пуштен на слобода во германскиот град Франкфурт бидејќи властите со децении не успеваат да го утврдат неговиот идентитет и земјата на потекло, пишува „Билд“.
Единствениот познат факт за него е дека пристигнал во Германија пред 20 години, во 1998 година, без никакви документи за лична идентификација. Оттогаш живее на улиците на германските градови и моментално живее во Франкфурт.
Листата на кривични дела што неидентификуваниот мигрант наводно ги извршил во текот на овој период е голема. Низ годините против него се отворени околу 542 кривични постапки.
“Една третина од истрагите се однесуваат на поседување и купување дрога”, изјави за германските медиуми за Рудигер Бухта, висок комесар со полицијата во Франкфурт, додавајќи дека другите наводни прекршоци на мигрантот вклучуваа напад, кражба, грабеж и бројни дела против Законот за престој.
И покрај тоа што постојано го апсат, човекот сите овие години успешно се спротивставува на депортацијата од Германија поради една едноставна причина: германските власти сè уште не знаат каде да го депортираат. Тој постојано тврдел дека е од северноафриканските земји, особено Алжир и Мароко, но властите на овие држави не ги потврдија овие информации. Базата на податоци за отпечатоци од прсти исто така не дала никакви резултати, оставајќи ја германската полиција во неизвесност.
„Овој прилично бизарен случај ги покажува недостатоците во сегашната германска миграциска политика. Тоа е неуспех на системот, тоа е неуспех на владата,“ изјави Михаел Сејферт, портпарол за миграциски прашања на десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), додавајќи дека германските власти едноставно не се осмелуваат да [екстрадираат луѓе], бидејќи се плашат од левичарските медиуми и од протести.