Свет 16. август 2018. / 12:01

Германија: Лекар избоден до смрт

Еден лекар е убиен, а неговата соработничка е сериозно повредена. Во инцидентот кој се случил во Офенбург, Германија, според информациите од полицијата лекарот и неговата соработничка биле избодени со нож.

Полицијата соопшти дека нападот се случил околу девет часот синоќа, откако вооружениот маж влегол во ординацијата и со нож ги нападнал лекарот и неговата соработничка, а за помалку од еден час по нападот, во кој животот го загуби лекарот, а неговата соработничка се наоѓа во сериозна состојба, мажот е уапсен, соопшти полицијата.

Истрагата е во тек и треба да се утврдат мотивите за нападот.