Свет 28. август 2019. / 22:36

Германија: Кобра предизвика евакуација на четири згради

Германија: Кобра предизвика евакуација на четири згради

Во градот Херне на западот на Германија евакуирани се четири згради поради змија кобра која избегала од еден стан и не е пронајдена три дена. И покрај непрекинатата потера отровната змија кобра се уште не е пронајдена ниту забележана, соопштиле локалните власти.

Отровницата која е подолга од еден метар побегнала во неделата од стан во градот Херне во Северна Рајна Вестфалија.

Претпоставуваме дека змијата кобра најверојатно и понатаму е некаде во зградата. Поради што одлучивме се уште да важат мерките за безбедност преземени во неделата кога змијата побегна, односно четирите згради да останат празни и заклучени. Зградите редовно ќе бидат проверувани за да се откријат траги од змијата изјавил за медиумите Јоханес Чуџијак претставник на општината.

Властите дури истуриле брашно на подовите во зградата во надеж дека змијата ќе остави некаков траг. Исто така општината упати предупредување до жителите на градот да бидат внимателни да не ги отвораат вратите и прозорците и да ги избегнуваат прошетките по трева. Од сопственикот на исчезнатата кобра одземени се уште дваесетина змии кои ги чувал во станот.