Свет 15. февруари 2019. / 20:46

Германија ќе воведе посебен данок за Гугл и Фејбук

Германија ќе воведе посебен данок за Гугл и Фејбук

Германското Министерство за финансии ја разгледува можноста за воведување посебен данок на приходи од реклами на интернет , кои од германските компании ги добиваат странските технолошки гиганти Гугл и Фејсбук.

Министерството би вовело данок од 15 проценти за приходи од рекламирање на интернет , а како модел би послужило оданочувањето на надоместоците за лиценци, пишуваат германските медиуми.

Тоа би значело дека германските компании кои ќе се решат да објавуваат реклами на интернет , би плаќале данок по одбивањето .

Потоа би побарале поврат на тие пари од интернет компаниите , на кои им уплаќаат приходи за објавување реклами.

Ваквиот начин на наплата е неопходен , зашто германскиот даночен систем нема пристап до оперативните платформи во странство.