Свет 05. мај 2020. / 16:01

Германија ќе ја продолжи контролата на границите до 15 мај

Германија ќе ја продолжи контролата на границите до 15 мај

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, објави дека земјата ќе ја продолжи контролата на германските граници до 15 мај.

Контролата на границите во Германија беше воведена во март поради пандемијата на корона вирусот.

Од германското Министерство за внатрешни работи соопштија дека целта е да се продолжи успешно да се контролира ширењето на Ковид-19, бидејќи на тој начин се прекинува ланецот на зараза.

Прекуграничниот сообраќај на стока, како и преминувањето граница за луѓе кои работат од другата страна на границата се уште е можен.

Прекуграничното патување во одредени случаи е можно, доколку има важна причина.