Германија на Евреите кои како деца го преживеале Холокаустот ќе им исплати еднократна компензација, соопшти њујоршката организација која го води овој процес.
Според организацијата, Германија на Евреите и другите жртви кои го преживеале Холокаустот ќе им исплати по 2.500 eвра, пренесува агенцијата АП.
Се верува дека денес се живи околу 1.000 луѓе кои го преживеале Холокаустот како деца.