Свет 30. април 2020. / 09:55

Германија ќе го продолжи социјалното дистанцирање до 10 мај

Германија ќе го продолжи социјалното дистанцирање до 10 мај

Германската влада е решена да ги продолжи мерките за социјално растојание до 10 мај во обид да ја спречи пандемијата на корона вирус, објави РТЛ повикувајќи се на извори запознаени со прашањето.

Канцеларката Ангела Меркел и федералните министри се очекува да се состанат подоцна денеска и да разговараат за понатамошните чекори во борбата на нацијата против инфекцијата, се вели во извештајот.

Според најновото ажурирање, Германија досега регистрирала 6.399 смртни случаи на корона вирус, додека 161.173 луѓе се тестирани позитивно за Ковид-19 на национално ниво.