Германија ја продолжи привремена контрола на границата со Австрија за десет месеци поради загриженоста дека надворешните граници на ЕУ не се доволно заштитени, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.
Германија во соработка со Австрија, Данска, Шведска и Норвешка ја донесе таквата одлука.
Данската Влада во петокот издаде слично соопштение, наведувајќи ја како причина заканата од тероризам.
Германија и земјите членки на шенген зоната во 2015 година воведоа итна контрола на границите, откако повеќе од милион бегалци и мигранти влегоа во Европа.
Продолжението на контролата на границите, кое ќе стапи во сила во декември, ќе трае до 11 мај 2019 година. ир/