Свет 14. May 2019. / 14:56

Германија има потреба од повеќе од еден милион работници

Германија има потреба од повеќе од еден милион работници

Во првиот квартал на 2019 во Германија имаше 1,38 милиони слободни работни места, што е речиси за 200.000 повеќе во однос на истиот период минатата година, изјавија во вторникот од Сојузната агенција за вработување, истакнувајќи дека најголема побарувачка има за квалификувани работници од средното образование.

-Бројот на слободни работни места на почетокот на годината е намален, но тоа е поврзано со сезонските трендови. Во споредба со минатата година имаше зголемување на побарувачката за работници, рече Александар Кубис од Институтот за истражување на пазарот на труд (IAB), кој дејствува поврзано со агенцијата за вработување.

Според најновите податоци, на 170 невработени лица им се паѓаат 100 слободни работни места.

Најголема е побарувачката во секторот на услужни дејности, по што следуваат градежништвото и здравството.

Особено голема е побарувачката за работници со средно образование, но и за инженери во областа на хемијата, машинството и градежништвото.

Во исто време, зголемена е и побарувачката за работници без квалификации.