Свет 29. март 2020. / 18:49

Германија има мала смртност од коронавирус бидејќи прави многу тестови

Германија има мала смртност од коронавирус бидејќи прави многу тестови

Германија врши околу половина милион тестови за коронавирус неделно, вели водечкиот германски виролог според кој токму ова е причина за ниската стапка на смртност од Ковид-19 во земјата во споредба со другите држави.

Причината зошто ние во Германија имаме така мал број на смртни случаи во однос на бројот на заразените е поради фактот што обработуваме голема количина на лабораториски тестови,  изјави Кристијан Дростен, главен виролог во берлинската болница Карите.

Во Германија каде има 43 илјади заразени со коронавирусот, досега починаа 260, односно далеку помалку споредено со другите европски држави.