Свет 13. септември 2018. / 16:14

Германија и Италија постигнаа договор за враќање на мигрантите

Германија и Италија постигнаа договор за враќање на мигрантите

Берлин постигна договор со Рим за враќање на мигранти од германската граница, кои веќе поднеле барање за азил во Италија.

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер денеска соопшти дека Берлин постигнал договор со Рим за враќање од германска граница на мигранти кои веќе поднеле барање за азил во Италија, и изрази очекување дека наскоро ќе биде потпишан.

– Само што дознав дека е постигнат договор и со Италија. Ни требаат само двата потписи – на италијанскиот колега и мојот, рече Зехофер во Бундестагот и додаде дека тоа најверојатно ќе потрае неколку дена.

Во август германската Влада се договори со Грција и Шпанија да им праќа назад мигранти во рок од 48 часа, ако тие веќе побарале азил во тие земји. Со тоа канцеларката Ангела Меркел избегна распад на коалицијата со Христијанскосоцијалната унија (ЦСУ) на Зехофер.