Свет 04. јули 2018. / 14:43

Германија го подготвува договорот со земјите членки на ЕУ за враќање на бегалците

Германија го подготвува договорот со земјите членки на ЕУ за враќање на бегалците

Германското министерство за внатрешни работи, работи на подготовка на договорот со другите земји членки на ЕУ за враќање на бегалците во земјите во кои најпрво биле регистрирани.

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер треба да отпатува во Виена каде ќе се состане со австрискиот канцелар, Себастијан Курц, а унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе оствари средба со германската канцеларка, Ангела Меркел во Берлин, со цел да разговараат за договорот.

Портпаролката на германското министерство за внатрешни работи  изјави дека уште не постои временска рамка за потпишување на било какви договори.