Германската Влада го поддржува глобалниот договор на Обединетите нации за мигранти, рече денеска портопаролот на Владата, Штефан Сиберт.
Тој одговори по ставот на Јенс Шпан, можен наследник на Меркел , кој рече дека земјата треба да ја преиспита својата одлука за мигрантите.
Германската влада верува дека проблемот со мигрантите може да се реши единствено преку глобален план, додека националните потези водат кон ,,слепа учичка”, појасни Сиберт.
Кандидатот за наследник на Меркел, Шпан, во интервју рече дека на партискиот конгрес на ЦДУ, ќе се залага за преиспитување на ставот на Германија во врска со мигрантите и прифаќањето на договорот од Маракеш.
Против овој договор до сега се изјаснија десетина земји членки на ЕУ.