Свет 24. октомври 2018. / 18:48

Германија ги предупредува своите граѓани: Пазете што пишувате против Ердоган на ФБ

Германија ги предупредува своите граѓани: Пазете што пишувате против Ердоган на ФБ

Предупредувањето доаѓа по бројните случаи на уапсени германски државјани , кои на социјалните мрежи пишувале коментари за Ердоган. Според Министерството за надворешни работи на Германија, за апсење е доволно дури и да се стави лајк на туѓа објава што се однесува на коментар против Ердоган.

Со оглед на фактот дека во Германија живеат три милиони граѓани со турско потекло , ваквите инциденти се чести и придонесуваат односите меѓу двете земји да станат уште повеќе комплицирани.

Германското МНР предупредува дека и приватни коментари на социјалните мрежи би можеле да се искоментираат како ,,навреда на претсеедателто” или ,, ширење терористичка пропаганда” , по што следуваат повеќегодишни затворски казни.