Свет 16. април 2020. / 12:31

Германија ги брани Кинезите: Нема докази дека Кина прикривала податоци за епидемијата

Германија ги брани Кинезите: Нема докази дека Кина прикривала податоци за епидемијата

Германското министерство за здравство објави соопштение во кое се вели дека на германската Влада не и е познато дека Кина криела какви било податоци во врска со епидемијата на корона вирусот.

Како што објави „Рајнише Пост“, Министерството посочува дека за дефиниција и броење на потврдените случаи е потребен лабораториски наод и оти во Кина, во еден период, само случаите со соодветни клинички симптоми и радиолошки неод се регистрирани како потврдени случаи.

Имајќи ја предвид тогашната ситуација, прилагодување на дефиницијата за време на епидемија е разбирливо – велат од Министерството, одговарајќи на пратеничко прашање.

На почетокот на епидемијата, Кина користеше помалку детална дефиниција за потврдени случаи на корона вирусот, а откако се смени дефиницијата дојде до големо зголемување на бројот на потврдени инфекции во таа земја.

САД и некои други земји ја обвинуваат Кина дека на почетокот на годината се обидувала да ја прикрие вистинската состојба со ширењето на вирусот.