За една година во земјите од Европската Унија увезени се 128 000 тони огномет во вредност од 319 милиони евра, а дури 99% од оваа стока е од Кина. Овие податц ги објави Еуростат за 2018 година.
Над три четвртини од увозот се реализираат во четири ЕУ земји, а најголем увозник е Германија на која отпаѓа 34% од увезениот огномет од цела ЕУ, односн 43 000 тони.
Потоа следи Холандија, Полска и Велика Британија каде се увезуваат 10.000 тони огномет, односно 8% од вкупниот увоз во ЕУ
На Балканот, најголем увозник е Бугарија со 1654 тони, Хрватска која во 2018 година увезла 847 тони, потоа следат Романија и Словенија.