Бројот на заразени со корона вирус во Германија се зголеми за 2.442 или 2,5% во текот на изминатите 24 часа, со ова вкупната бројка на лица со Ковид-19 во оваа земја ја надмина фамозната „стотка“ со 101.241 случаи, покажуваат податоците на регионалните здравствени власти во земјата.
Германија стана четврта земја со повеќе од 100.000 случаи со Ковид-19 по Италија, Шпанија и Соединетите Американски Држави. Сепак, земјата има многу помал број на новозаразени регистрирани на дневна основа во однос на претходниот ден.
Бројот на починати од инфекцијата изнесува 1.622 лица, зголемено за 95 лица или 6,2% од последното вчерашно ажурирање. Дневниот раст на нови жртви се намали во однос на неделата, додека стапката на смртност во земјата од Ковид-19 беше 1,6%.