Свет

Германија: Асад мора да падне по војната во Сирија

Германија: Асад мора да падне по војната во Сирија

Германија продолжува да верува дека владата на Башар-ал-Асад во Сирија мора да биде заменета на крајот од мировниот процес, но за краток рок тоа е невозможно, изјави портпаролот на Владата, пренесува Ројтерс.

Според германската влада избори треба да се одржат по долгиот мировен процес во државата разрушена од војна, инволвирајќи ги поддржувачите на Асад, Русија и Иран, како и други страни.

Германија не беше повикана да учествува во нападите на Сирија кои се случија овој викенд, покренати од САД, Британија и Франција, по нападот со хемиско оружје за кој беше обвинета владата на Асад.