Свет 27. март 2018. / 13:07

Германците имаат проблем: На кого да ги оставиме фирмите?

Германците имаат проблем: На кого да ги оставиме фирмите?

Во следните пет години 840.000 мали и средни германски семејни бизниси ќе се соочат со проблем во врска со тоа кој ќе го наследи бизнисот.

Како што една цела генерација на претприемачи се спрема за заминување во пензија, повеќе од петтина од вкупниот број на сопственици на семејни бизниси до 2022 година ќе мора да бидат продадени или затворени, покажуваат економските истражувања.

Имено, сопствениците на тие компании немаат деца на кои би можеле да ги остават компаниите во наслетство.

Сето тоа е резултат на намалувањето на наталитетот, проблем со кој Германија се соочува уште многу одамна. Само во следните две години 100.000 претприемачи имаат намера да одат во пензија, а сеуште не знаат кој ќе ги наследи.