Свет 25. април 2020. / 22:45

Г20 ветува подобри денови за туризмот, бидејќи во моментов се загрозени 75 милиони работни места

Г20 ветува подобри денови за туризмот, бидејќи во моментов се загрозени 75 милиони работни места

Министрите за туризам во Г20 ветија дека ќе ги ублажат ефектите од пандемијата „Ковид-19“ врз светскиот туризам, еден од најтешко погодените сектори со милиони работни места во ризик.

Забраните за патувања воведени за спречување на пандемијата го погодија туризмот ширум светот, кој се очекува да се намали за 45 проценти оваа година, според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Министрите за туризам во Г20 се обврзаа да обезбедат „укинување на  патните ограничувања“ бидејќи многу земји бараат да се олеснат забраните за „поддршка на економското закрепнување“ во секторот за туризам.

Околу 75 милиони работни места во овој сектор се изложени на ризик во светот, додаде групата, повикувајќи се на бројки од Светскиот совет за патувања и туризам (СТТЦ).