Насилното однесување во спортот дефинитивно ги мина сите граници во Мексико. Според пишувања на локалните медиуми, Џонатан Г., фудбалер на локална нисколигашка екипа, го удрил и оттурнал судијата Ернан Ернандез кој при падот удрил со главата на земја и 15-тина останал да лежи без свест. Итно бил префрлен во болница каде, и покрај напорите на лекарите, им подлегнал на повредите.
Мексиканскиот весник „Ел Насионал“ пишува дека полицијата набрзо пристигнала на лице место при што сите, како виновник, го посочиле 23-годишниот Џонатан Г. кој веднаш заврши во притвор.
Весникот наведува дека фудбалерот, покрај обвинението за кривично дело, на товар му се става и дополнителна отежнувачка околност дека не сторил ништо за да му помогне на Ернандез.