Свет 25. октомври 2020. / 23:43

Фрлен молотов коктел на Институтот за заразни болести во Германија

Фрлен молотов коктел на Институтот за заразни болести во Германија

Неколку напаѓачи фрлиле молотов коктел на германскиот Институт за заразни болесни Роберт Ког во Берлин, нанесувајќи мала штета на зградата, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил во текот на ноќта, а чуварите во институтот, кој ја советува владата за мерките за сузбивање на пандемијата со коронавирусот, биле сведоци на нападот, пренесе „Ројтерс“.

Напаѓачите кои не се фатени, скршиле еден прозорец од зградата, се наведува во соопштението од полицијата. Никој не е повреден.

Берлинската полиција истражува дали нападот бил политички мотивиран, се наведува во соопштението.