Свет 10. мај 2020. / 23:45

Французите повеќе сакаат претпазливост отколку брзо враќање во нормала

Французите повеќе сакаат претпазливост отколку брзо враќање во нормала

Според анкетата на „Ифоп“ објавена оваа недела, 65 отсто од Французите сметаат дека е подобро да се преземат голем број мерки на претпазливост отколку да има брзо враќање во нормалниот живот што би било ризично во однос на здравјето.

Голем број од анкетираните, дури 58 отсто, сметаат дека најголема закана за Франција сега е економската криза, а 42 отсто епидемијата на корона вирусот. Сепак, 53 отсто од нив првично се загрижени дека тие или нивните најблиски ќе бидат засегнати од вирусот, наспроти 47 отсто кои стравуваат пред сè од последиците од економската криза за нив или нивните најблиски.

Речиси сите испитаници им веруваат на лекарите (95 отсто), на болниците (94 отсто) и на фармацевтите (92 отсто) дека ефикасно да ја извршуваат својата улога. Но, само 33 отсто имаат доверба Во владата, 30 отсто во медиумите и 16 отсто на социјалните мрежи.