Свет 15. април 2020. / 15:14

Француското МНР го искара кинескиот амбасадор поради коментари за корона вирусот

Француското МНР го искара кинескиот амбасадор поради коментари за корона вирусот

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан го повика кинескиот амбасадор во Франција за да го искаже своето „неодобрување“ за одредени неодамнешни коментари за корона вирусот.

Јасно му ги изнесов неодобрувањата за одредени неодамнешни забелешки на амбасадорот на Народна Република Кина во Франција, кога беше повикан во Министерството за Европа и надворешни работи. Некои неодамнешни јавни изјави на претставниците на кинеската амбасада во Франција не се совпаѓаат со квалитетот на билатералните односи меѓу нашите две земји – објави Ле Дријан во соопштението за печат.

Тој се осврнува на кампањата без комплекси што ја води оваа амбасада за ја претстави „победата“ на кинеската Влада во својата битка против корона вирусот и притоа го критикува управување со оваа епидемија на Западот.

Во неделата кинеската амбасада во Франција на својот сајт објави долг текст со наслов „Враќање на искривените факти – набљудувања на кинески дипломат на функција во Париз“.

Западот е особено обвинет за неправедното омаловажување на Кина, откако на почетокот на епидемијата ја нарекоа болеста Ковид-19 „грипче“, додека Американците се критикуваат дека го отпуштија командантот на носачот на авиони чиј екипаж е заразен со вирусот. Текстот, исто така, обвинува, без да даде докази, дека францускиот медицински персонал на установите за стари лица (Ехпад) „ги напуштил своите работни места преку ден оставајќи ги своите станари да умрат од глад и болести“ .

Ковид-19 е пандемија што ги погодува сите континенти и сите општества. Соочен со вирусот и неговите последици врз нашите економии, нема простор за контроверзии и Франција работи решително во корист на единството, солидарноста и поголема меѓународна соработка – одговори францускиот министер за надворешни работи.