Свет 10. мај 2020. / 17:15

Францускиот Парламент ја продолжи вонредната состојба до 10 јули

Францускиот Парламент ја продолжи вонредната состојба до 10 јули

Францускиот Парламент синоќа гласаше за продолжување на вонредната состојба во земјата до 10 јули.

Некои пратеници и во Сенатот и во Националното собрание изразија загриженост за импликациите на законот за индивидуалната слобода, пренесува Си-Ен-Ен.

– Поради тоа, францускиот претседател Емануел Макрон ќе го упати законот до Уставниот совет, тело кое ќе испита дали е во согласност со францускиот Устав, изјави портпаролот на Елисејската палата.

Вонредната состојба и овозможува на Владата законска рамка да преземе невообичаени мерки за борба против пандемијата на новиот коронавирус, вклучително и патни ограничувања и мерки за физичка дистанца.