Француски суд го укина името џихад што една мајка му го дала на своето дете кога се родило пред скоро една година.
Судот не го прифаќа ова име затоа што смета дека може да му наштети на детето и дека веројатно ќе му предизвика проблеми“, рече судот во Дижон и истакна дека „се грижи за најдобрите интереси на детето.
-Името Џихад има негативно значење затоа што се поврзува со џихадистичкото движење, и го заменуваме со Џахид, кое на арапски значи напор или храброст и не е поврзано со војна – рекоа судиите.