Свет 21. октомври 2020. / 19:30

Француската Влада предлага вонредна состојба до 16 февруари 2021 година

Француската Влада предлага вонредна состојба до 16 февруари 2021 година

Во Франција уште неколку департмани следните денови ќе влезат во црвен аларм поради пандемијата со Ковид-19,што значи дека и во нив ќе мора да се воведе полициски час, изјави портпаролот на францускатаВлада Габриел Атал.

Тој додаде дека предлогот на Владата е да се продолжи вонредната состојба до 16 февруари следната година. тоа би значело дека Владата го задржува овластувањето да го продолжи полицискиот час,што е во сила во поголем број француски градови, вклучително и Париз.

Од саботота во Париз и другите поголеми градови воведен е полициски час од 21до шест часот, што би требало да е во сила четири недели, а би можел да биде продолжен на шест седмици.