Француската влада денеска најави низа мерки за помош на семејствата со низок стандард, со цел да ги откажат најавените протести поради зголемувањето на цената на горивата.
Минатата година акцизите на дизелот се зголемија за 23 проценти, а на стандардните горива за 15 проценти. Литар дизел во моментов се продава за 1,51 евро, што е највисока цена од почетокот на 2000 – тите.
Зголемувањето на цените на горивата предизвика големо незадоволство, особено во руралните делови на земјата од каде за сабота најавија протести со трактори и друга механизација во градовите, како и блокади на патиштата. Во целата земја се најавени околу 600 протести.
Денеска премиерот Едуард Филип ја отфрли можноста за зголемување на данокот на дизел горивата, но вети помош за семејствата со пониски примања во субвенционирање на дел од трошоците.
Тој вети дека 5,8 милиони домаќинства ќе добиваат помош, за разлика од досегашните 3,6 милиони.
Државата се обврза и на семејствата со ниски примања двојно да им ја зголеми субвенцијата за замена на старите дизел возила, односно милион возила во наредните пет години.