Свет 16. октомври 2020. / 21:30

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Француската полиција застрела маж кој претходно обезглави друго лице

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Француската полиција застрела маж кој претходно обезглави друго лице

Француската полиција вечерва застрела маж кој претходно со нож нападна друго лице во близина на Париз и го обезглави.

Обвинител за антитероризам изјави дека се истражува нападот кој се случи во населбата Конфлан Сент-Онорин, предградие северозападно од Париз. Напаѓачот е тешко повреден.

Полициски извор истакна дека очевидци го слушнале напаѓачот како извикува „Алах Акбар“ (Бог е голем).

Француските медиуми објавија дека жртвата бил наставник во локално училиште, а напаѓачот бил родител на ученик. Полицијата засега не ги потврдува таквите наводи.