Француската полиција изведе голема операција за расчистување на импровизираниот мигрантски камп во североисточен Париз.
Како што информира полицискиот началник Дидие Лалемен, евакуирани се 1.606 лица и на таа локација сега нема никој.
Во акцијата за отстранување на шаторите поставени на ниво под автопатот во преградието на Париз учествувале речиси 600 полицајци.
Лалемен соопшти дека полицијата и натаму ќе биде присутна во таа област за да спречи враќање на мигрантите.