Академијата за медицина на Франција објави соопштение во кое ги повикува сите Французи без одлагање да почнат да носат заштитни маски секогаш кога ќе излезат од дома.
Според академијата, маските, па макар тие биел изработени и дома, се единственото средство за да се спречи ширењето на епидемијата на корона вирусот. Академијата притоа истакнува дека мерките за дистанцирање кои се воведени не се соодветни за ограничените мали простори, како лифтовите, продавниците или јавниот транспорт.
За да биде ефикасно, носењето на маскитетреба да биде за сите во јавниот простор. Оваа мерка може да има епидемиолошки ефект на движењето на вирусот, ако секое лице ја почитува (носи маска) кога ќе излезе од дома – се вели во соопштението.
Француската академија за медицина смета дека секој треба да се смета како „потенцијален носител на вирусот и дека можеби е заразен“.
Ограничувањето на носењето на маската само во јавниот транспорт е занемарување на јавниот простор каде што се уште постојат ризици – се вели во соопштението на Академијата.
Францускиот премиер во понеделникот соопшти дека носењето на маска ќе биде задолжително во јавниот транспорт.