Француската надбискупија од Лион објави во петокот дека папата Франциск ја прифатил остабката на надбискупот, кардиналот Филипеа Барбарин кој беше обвинет за прикривање на сексуалните золставувања во црквата.
Барбарин (69) е највисоко рангиран свештеник вплеткан во таков скандал во црквата во Франција.
Во март минатата година тој беше осуден со условна казна од шест месеци бидејќи го прикривал сексуалното злоставување на момче кое го направил Бернард Прејнат помеѓу 1971 и 1991 година.
Во очи на пресудата по жалбената постапка со која на 30 јануари е ослободен, Барбарин изјави дека ќе поднесе оставка до Папата со што би се овозможило црквата да „сврти страница“ по таа афера која стана симбол на неуспехот на црквата пред педофилијата во нејзините редови.
Барбарин негира дека го прикривал случајот. Прејнат призна дека полово злоставувал деца.