Француските власти запленија авион на авиокомпанијата „Рајанер” поради неплатен долг.
Француската агенција за цивилно воздухопловство го заплени авионот Боинг 737 вчера на аеродромот во Бордо, пред да замине за Станстед со 149 патници.
Потегот го оправда како „последно средство”. Спорот беше предизвикан поради француските субвенции за летовите на Ријанер од регионалниот аеродром во Анжулем во 2008 и 2009 година, кои Европската Комисија подоцна ги прогласи за нелегални.
Француската агенција за цивилно воздухопловство не кажа за колку пари станува збор , но официјалните претставници на аеродромот соопштија дека сумата е 525.000 евра .
Властите велат дека авионот “ќе остане запленет додека не се плати сумата”.
– За жал, државата мораше да преземе таква акција, што доведе до непријатности на 149 патници на запленетиот авион. – соопшти француската агенција за цивилно воздухопловство.
– Патниците успеаја да стигнат до нивната дестинација подоцна истата вечер со друг авион на Ријанер, но со задоцнување од пет часа. -дополнуваат од агенцијата.