Свет 07. јуни 2018. / 19:49

Франција забранува мобилни телефони во училиштата

Франција забранува мобилни телефони во училиштата

Министерството за образование на Франција, донесе нов закон со кој на учениците им се забранува носење на мобилни телефони во училиштето. Новите правила ќе се имплементираат во наредната учебна година.

„Мобилните телефони се технолошка предност, но не може да го монополизираат нашиот живот. Не можете да го пронајдете својот пат во технологијата ако не сте во состојба да читате, пишувате, да работите како тим и да ги почитувате другите“, изјавил министерот за образование, Жан-Мишел Бланке.