Франција воведе барање да се обезбеди негативен резултат на ПЦР-тест и за патниците во транзит.
Според информациите на Централната полициска дирекција за гранични активности на Француската Република, тестирањето мора да се изврши во рок од 72 часа пред патувањето.
Условот се однесува на сите граѓани постари од 11 години, без разлика дали патуваат по копно или со авион. Во случај на трансфер патување, временскиот рок се пресметува од поаѓањето на првиот лет.
Исклучок од презентацијата на ПЦР тестот е за транспортните работници, граничните работници, како и за жителите на пограничните области во радиус од 30 км околу нивните домови.