Свет 30. мај 2020. / 09:15

Франција влезе во рецесија: Најголем квартален пад од 1968 година

Франција влезе во рецесија: Најголем квартален пад од 1968 година

Податоците на француската државна агенција за статистика ИНСЕЕ, покажуваат дека Француската економија има пад од 5,3 проценти во првиот квартал од 2020 година во однос на претходниот квартал. Лошите економски показатели се резултат на затворањето на економијата предизвикана од епидемијата на корона вирусот.

Тој индикатор е помал во однос на првичните податоци на ИНСЕЕ, кога беше проценето дека падот на бруто-домашниот производ во првите три месеци е 5,8 проценти.

Ова, сепак, е најголем квартален пад на Франција од 1968 година, кога земјата беше зафатена со граѓански немири, масовни студентски протести и генерални штрајкови.

Бидејќи француската економија забележа пад од 0,1 процент во последниот квартал од минатата година, тоа значи дека земјата влезе во техничка рецесија, што по дефиниција се случува со пад на БДП во два последователни квартала.