Свет 21. ноември 2018. / 18:35

Франција: Усвоен закон против предизборни лажни вести

Франција: Усвоен закон против предизборни лажни вести

Францускиот Парламент донесе два закона со кои ќе се сузбијат лажни вести за време на предизборни кампањи и покрај критиките од опозицијата.

Претседателот Емануел Макрон вети дека ќе донесе таков закон претходно во оваа година.

Со законите ќе се овозможи на судии во преизбворна кампања да побараат од даватели на интернет услуги од мрежа да исклучат „неточни вести или тврдења, или обвинувања“ што може да влијаат врз избори.

Големите интернет компании ќе мора да дадат секакви информации за огласувач кој објавува содржина што се однесува на прашања за кои се води јавна расправа пред изборите.

Им се даваат и поголеми овлатувања на радиотелевизиските власти да отфрлат или укинат лиценци на радиски или тв станици во сопственост или под влијание на странски влади.

Опозицијата и Сенатот сметаат дека тие мерки веројатно нема да бидат ефикасни и дека може да се загрози слободата на медиумите и на изразувањето.